Еве што можете да очекувате оваа недела според астрологијата.
Овен
На почетокот од неделата можни се мали недоразбирања, особено за работи поврзани со работното место. Добро размислете пред да донесете конечна одлука. Самоуверени сте и сакате авантури. Внимавајте како комуницирате со луѓето околу вас.
Бик
Во моментов веројатно сте со некој кој сака да доминира, а истовремено и сака кога вие сте главни. За среќа, имате трпение за да се справите со таквото однесување. Стабилноста во врската, како и во другите полиња, ви е многу важна. Останете приземјени кога станува збор за финансиите.
Близнаци
Ве очекува многу интересна и возбудлива недела. Во друштвото, како и на работа, ќе има промена на лидерските позиции што вам ќе ви донесе позитивна трансформација. Ќе останете одговорни за нови идеи и иницијативи. Имате голема поддршка од луѓето околу вас, за сè што правите.
Рак
По напредокот во кариерата пред извесно време, ќе се почувствувате дека треба да раскрстите со сето она што ве ограничува и ве влече назад. Имате способност да преземате ризици од кои ќе излезете како победник. За да постигнете резултати, потребно е убаво да размислите за работите, па да одлучите.
Лав
Овој период конечно ќе добиете признание и пофалби за вашата креативност и страст кон нештата. Во текот на неделата, ќе се бара од вас да донесете некоја конечна одлука за нешто. Понекогаш знаете да одите во крајности и не сте секогаш рационални. Обидете се да донесувате одлуки преку дискусија со другите.
Девица
Имате потреба да ги искажете мислењата и ставовите за работите кои ви се важни. Не правите компромис и ништо не може да ви застане на патот кон остварување на целта. Брутално искрени сте, и со себе, и со другите, и за тоа добивате почит и поддрша од блиските. Продолжете така.
Вага
Знаете да бидете дарежливи, и кога станува збор за емоциите и за материјалното, додека партнерот не секогаш е таков кон вас. Оваа недела е време на големи промени во однос на пријателите, како и на љубовен план. Ќе ви се отворат нови врати кои водат до сосема нови и различни можности за вас.
Скорпија
Имате чувство дека зависите од партнерот и немате контрола, па тоа знае да ве направи нервозни. Најдобро е да се опуштите и да дозволите понекогаш некјој друг да решава за работите и да ве води. На работа ви претстојат многу настани и голем успех.
Стрелец
Конечно ќе го добиете она за кое сте сонувале и ќе бидете во позиција да одите напред со идните планови. Работите кои ќе ви се случат на почетокот од неделата се клучни за успех. Раскрстете со минатото и започнете некој нов, креативен проект, или направете некоја промена во љубовниот живот.
Јарец
Можни се мали проблеми со некој пријател или член на вашето семејство кој е тврдоглав или мисли само на себе. Овој период ви претстојат големи промени поврзани со семејството. Запамтете дека некои работи не зависат од вас и не можете да ги спречите да се случат.
Водолија
Овој период ќе станете посвесни во однос на природата околу вас. Тоа ви делува како инспирација и ве потсетува да ги цените добрите работи во животот. Ви претстојат интересни заеднички активности со партнерот. Можно е да заминете на некое кратко патување.
Риби
Оваа недела ќе ви започне со многу енергија и инспирација што ќе ве поттикне да работите на остварување на идните планови. Имате поддршка од претпоставените на работа, како и од партнерот. За време на викендот, опуштете се и уживајте во омилените активности.