Традиционално, племето Bajau живеело во мали бротчиња и се хранело од она што луѓето ќе го уловат од морето. Така, ова племе почнале да го нарекуваат „морски цигани”. И денес луѓето од ова племе живеат на море, во селца изградени на коралните брегови или на мали островчиња. Францускиот фотограф Rehahn, поминал неколку денови со жителите на овие мирни и спокојни места покрај океан. Погледнете дел од она што тој го документирал за невообичаениот живот во малиот сопствен рај на племето Bajau.
Тие не знаат да читаат и пишуваат, дури не си ја знаат ни нивната возраст. Но, сите знаат да пливаат и да ловат уште од мали и секој си има посебно место и задача во рамките на племето.