Оваа пролет ни го донесе трендот на бои на лакови во нежни, пастелни нијанси кои им даваат деликатен изглед на ноктите. Сочни розеви, смарагдно зелени, беж и сини нијанси се меѓу најмодерните оваа сезона. Светли и слатки тонови во духот на пролетта кои ќе ви го подобрат расположението дури и во дождливите денови.