Од продуцентот на најгледаната српска филмска и ТВ сага „Монтевидео“, фирмата „Intermedia Network“, во кино Cineplexx ни доаѓа уште една вистинита спортска приказна посветена на кошарката.
Филмот „Ќе бидеме светски прваци“ за основачите на познатата „југословенска школа за кошарка“ и за првиот златен медал на светското кошаркарско првенство во Љубљана во 1970 година го режираше Дарко Бајиќ. Сценариото го напиша Небојша Ромчевиќ во соработка со Гордан Михиќ и Огњен Свиличиќ, по идеја на Звонимир Шимунец кој воедно е и автор, и со Дејан Петровиќ, продуцентот на овој значаен проект. Главните улоги на пионерите на кошарката на нашите простори ги играат млади глумци.
„Ќе бидеме светски прваци“ е приказна за четири пионери кои ја основале Југословенската школа за кошарка и се заслужни за развојот на овој спорт во Европа – Небојша Поповиќ (Страхиња Блажиќ), Борисав Станковиќ (Александар Радојичиќ), Радомир Шапер (Милош Биковиќ) и Александар Николиќ (Марко Јанкетиќ).
Централното случување е финалниот натпревар на Светското првенство во Љубљана, 1970 г., помеѓу тимовите на Југолавија и Соединетите Американски Држави. Низ призмата на главниот лик Небојша го следиме развојот и животниот пат на ентузијастите кои со својата професионалност, идеи и напори го оствариле својот сон – првиот златен медал на Светско првенство, со огромна помош од истомислениците од сите краеви на поранешната земја.
Премиерното прикажување на „Ќе бидеме светски прваци“ пред македонската публика e на 19.03 (четврток) со почеток од 20 часот, по што филмот ќе биде поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.