Ви претставуваме ентериер со површина од 58 метри квадратни, кој е конципиран како двособен стан со кујна, а содржи неколку интересни декоративни комбинации, кои, пак, се инспиративни и мошне актуелни тенденции во внатрешниот дизајн. На самиот влез во ходникот се поставени жолти ѕидни тапети со цветен дезен, освежувајќи го на убав начин просторот кој е најчесто запоставениот дел во домот. Во кујната и спалната соба доминира белата боја, а деталите како собните билки и сликите на ѕидот му даваат личен печат на просторот. Во дневниот престој доминира ориенталниот тепих во хитовската марсала боја, во комбинација со две винтиџ фотелји кои се во истата нијанса. Разиграните перници и текстили со дезен создаваат динамнична атмосфера, така што белата боја која е основа во оваа просторија е во втор план. Интересно и испиративно – ѕирнете и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот животен амбиент.