Британскиот уметник Damien Hirst, роден 1965 год.во Бристол,се прослави со скулптури направени од мртви животни, потопени ви фромалдехид, како би траеле подолго време. Неговата работа во истовремено ве привлекува и одбива, плаши, интригира, ве тера да се гадите но и да им се воодушевувате. И секој пат одново ве шокира.

Делото кое го прослави овој уметник, „The Physical Impossibility of Death in the Mind of Someone Living“ (1991), претставува тигреста ајкула, уловена во Австралија која тежи 22 тона, чувана во формалдехид. Некаде помеѓу трофеј и посвета на мимимализмот,ајкулата претставува некогаш моќно суштество а сега без сила и предадено на смртта.Смртта изложена така,за сите да ја видат.А смртта е константна инспирација на овој уметник.Делото треба да шокира но истовремено да предизвика различни чувства.Од една страна сожалување за смртта на ова прекрасно суштество а друга страна задоволство поради тоа што тое е животно од кое луѓето толку многу се плашат а сега е безопасно,кое од ловец-станува плен.Оригиналната скулптура с еасоадна во 2004, а тој ја замени подоцна со идентична.

Демијан Хирст, направи скулптура череп со над 8.000 дијаманти, за која кажа дека со ова дело сакал да и се насмее на смртта во лице,и дека нему воопшто не би му пречело тоа исто некој да го направи со неговиот череп по неговата смрт.Било како,делото е продадено за 50 милони фунти и представува најскапо дело на жив уметник.

Уште една инспирација на Демијан Хирст се митовите,така што во делото Сон, прикажува коњ намочен во формалдехин со рогот позициониран на неговата глава, така да подсетува на еднорог. Ова животно се разликува од другите бидејќи е една од ретките суштества кои луѓето би сакале да ги видат живи и здрави, но никогаш тоа не би можеле да го направат.
Слично на тоа, скулптурите од мермер Мит и Легенда, ги прикажуваат митските суштества еднорог и пегаз, каде што една половина од телото ги открива мускулите и лигаментите, слично како сликите со анатамијата на телото, помалку потсетувајќи на Рембрант. Целта е да се доловат митските суштества вистински, како од крв и месо,споредувајќи ги со обичните коњи.
