Со површината од 39 метри квадратни, овој станбен простор е некаде на граница помеѓу мал и удобен дом. Сепак, кога ќе се погледне неговиот внатрешен дизајн, нема никаков сомнеж дека комфорот не изостанува ни најмалку, па ентериерот е пријатен, функционален и наменски уреден да одговори на сите потреби на урбаното живеење. Располага со лежерен дневен престој, кујна, трпезарија, како и мала спална соба и бања, благодарение на добриот распоред и паметните решенија за складирање. Амбиентот е минималистички, едноставен и воздушест, со белата боја како основа во просторот, а надополнета со убавиот дрвен под кој му дава топлина и гостопримлива атмосфера. Парчињата мебел и декорациите се избрани со многу вкус, внесувајќи боја и динамика во секоја соба, така што умешно е разиграно белото опкружување преку колоритните акценти. А, кога се излезе надвор од ентериерот, дочекува кокетната тераса со идилично катче за опуштање и одмор. Прекрасно, зар не? Пронајдете ја омилената инспирација и за вашиот дом.