Како новост и ексклузива за сите наши почитувани читатели, DIVIANARTS.com ви нуди комплетен дизајн и изведба на ентериери. Во прoдолжение ви претставуваме проект за клиенти од Софија, Бугарија, создаден од нашиот тим за внатрешен дизајн и уредување.
Кај ентериерот постои наклонета тенденција да се доближи современоста со едноставноста на минимализмот во просторот, а притоа да не се изгуби чувството на ексклузивност. Посебно внимание е посветено на релацијата помеѓу природните материјали кои се употребени, како подот од масивно дрво и мермерни плочи кои продолжуваат во континуитет по ѕидовите. Елементите во просторот се дизајнирани да соодвествуваат со современоста на истиот. Потенциран елемент во просторот е конзолната терпезарија која преку сајли е споена и зацврстена со таванот и добиваме чувство дека станува збор еден елемент. Останатите елементи се дизајнирани и изработени од медијапан со високо чувство за современост; елементот за одмор пред каминот испуштен е конзолно; конструкцијата на наслоните за перничиња е направена од сајли; разиграната библиотека се покрива со лизгачка врата. Кај одредени елементи, над терпезаријата и каминот оставени се отвори преку кои би добиле амбиентално осветлување. Ви се допаѓа ли дизајнот на овој ентериер?
Контакт: contact@divianarts.com