На натпревар за најдобро идејно решение за изградба на нов мост во Лондон пристигнаа повеќе од 70 иновативни концепти. Мостот за пешаци над реката Темза ќе се гради помеѓу деловите Nine Elms и Pimlico во главниот град на Англија. Организаторите истакнаа дека целта на натпреварот е да се пронајде најдобриот тим способен за дизајнирање и претставување на уникатниот мост препознатлив за овој дел од Лондон, како и да се истражи какви би биле можните идејни решенија, наместо да се одбере само едно најдобро. Резултатите ќе бидат објавени во јули 2015. Во продолжение погледнете некои од прекрасните идеи на лондонските архитекти.