Светол и воздушест, полн со детали и исклучително топол, овој стан со скромна површина од 47 метри квадратни е уште една урбана оаза која воодушевува со внатрешниот дизајн и интересните решенија. Почнувајќи од дневната соба во која доминира ѕидниот тапет со цветен дезен, па се’ до спалната соба каде се истакнува грубиот циглен ѕид во комбинација со модерниот бел мебел, домот е вистински пример дека креативноста не познава граници и ограничувања. Иако со малку квадрати, станот комплетно ја одразува индивидуалноста и афинитетите на неговите станари. Малата бела кујна е поврзана со трпезаријата и дневниот престој, а одлично се вклопени со дрвениот паркетен под кој се протега долж целиот ентериер. Уреден е едноставно и убаво, со стилски декорации избрани со многу вкус, а не недостигаат ниту комфорот и функционалноста во просторот. Во продолжение, погледнете како изгледа ова пријатно станбено катче, прошетајте низ неговите соби и одберете ја омилената идеја и за вашиот животен амбиент.