НГО „Уметност на живеење Македонија“ во месец февруари, месецот на јогата, подготвија интересен концепт со кој ја прикажаа јогата како дел од урбаниот живот. Преку модерни фотографии испраќаме порака, дека здравиот начин на живот е и може да биде модерен. Јога вежбите /асаните/ без разлика на возраст, пол, националната и религиозната припадност, професија може и е дел од секојдневието на модерниот човек. Исто така пораките за потикнување на човековите вредности се проткаени во секоја фотографија, а посебно насмевката и позитивната енергија која зрачи од нив. Целта и делувањето на оваа Фондација е да се намали стресот и неговото влијание, а воедно да се постигне хармонија, баланс на духот и телото во секојдневниот живот, а тој да биде вистинска уметност и славење.