Ако и вие трошите многу пари за квалитетен шампон, а не гледате резултати, обидете сами да си направите природен шампон, и тоа од мед. Ваквиот шампон се покажа како ефикасен кај оние кои имаат проблеми со чувствителна кожа на главата и сува коса. Освен што ќе ја спречи појавата на првут, ќе ви ја направи косата свиленкаста и сјајна.
Потребни состојки:
Една лажица мед
Tри лажици филтрирана вода
Неколку капки етерично масло по сопствен вкус
Медот и водата ставете ги во сад и полека загрејте за медот да се растопи, најдобро во микробранова. Потоа додајте ги капките етерично масло, добро измешајте и шампонот е спремен за употреба.
Зошто е добар медот за косата и кожата на главата:
- Медот е природно антибактериско средство, така што со користење на овој шампон ќе го решите проблемот со бактериски воспаленија на кожата на главата.
- Помага да се задржи природното масло на косата, па така поретко ќе има потреба да ја миете.
- Ја хидрира косата и го омекнува влакното.