Кога Ариел би посакала да купи фустан за 2015 година, тоа секако би бил океанско зелен фустан од светкав материјал, стегнат во струкот и тоа би бил модел на Зак Позен.
Пепелашка
Пепелашка би го одбрала фустанот на Каролина Херера, корсет фустан со водопад од карнери, тоа и е стилот, кој не би го менувала.
Јасмин
Јасмин, за оваа година би го одбрала моделот на Кристијан Сириано. Спортскиот изглед би го заменила за оваа комбинација, а би го задржала разголениот струк и засекот на горниот дел, а наместо впечатливиот накит би се одлучила за цветниот дезен на фустанот. Јасмин ќе ги одбере и чевлите кои се совпаѓаат со дезенот на фустанот.
Мулан
Mulan, би била луда по моделот на Роси Асулин, зелениот дводелен комплет. Kројот во А линија и белите копчиња ја држат целата силуета женствено. Овој изглед на “girl boss” потполно и одговара на Мулан.
Аурора
Изборот на фустан на Аурора, би бил моделот на Рем Акра.Но наместо тврда бела јака и геометриски детали, заспаната убавица би се одлучила за деликаниот без ракави со тантели фустан.