Доколку пропуштивте, честа да ја отвори Париската модна недела, ја имаше модната куќа Атеље Версаче. Преубавите модели се вееја на пистата представувајќи ја Версаче колекцијата пролет-лето 2015, во прекрасни црвени, бели,сини и црни дизајни. Моделите со кои Донатела Версаче ја отвори модната ревија, беа исклучително гламурозни, нагласувајќи ја линијата на женските облини. Фустаните се долги, со нагласена силуета. Пораката е едноставна, да се покаже довербата во сопствената сексуалност, да се покажат делови на телото кои обично остануваат покриени. Секој фустан е буквално ДНК на брендот Версаче, што ја прави целата колекција уште попривлечна. Сепак,мораме да забележиме дека оваа колекција на висока мода е носива. Како што објасни Донатела Версаче –“експериментирањето и елеганцијата се високата мода денес”. Тоа што го видовме на модната писта можеме да го замислиме и во реалниот живот. За крај, погледнете ги прекрасните модели кои ви го одземаат здивот.