Десетгодишнината од Армани Приве, ни даде причина да погледнеме наназад во 2005 година и првата кутур колекција на Џорџо Армани, за да видиме каков бил неговиот дизајнерски раст. Во новата колекција има 68 модели, наспроти тогашните 31. Тоа секако сугерира на раст.
Влијанието на Азија,беше инспирација за него со години наназад и на прв поглед изгледа, дека повторно се враќа денес. Но сега, тој сакаше јасно да стави на знаење дека неговата инспирација, всушност, бамбусот, е неговата порака за пренесување на сила. Мотивот на бамбусот е присутен, врежан на златната свилена јакна, извезен на чипка или портокалови шалови.