Водени бои
Уметничкото доживување на водените бои сега е пренесено од уметничко платно, на облеката за носење. Еден од најголемите трендови за сезоната што пристига, ќе ги воодушеви уметничките души, но и тие што сакаат да бидат забележени. Chanel, Emilio Pucci и Badgley Mischka, се само дел од големите модни куќи,кои на ревиите го презентираа овој волшебен тренд.
Прозирни материјали
Во фокусот на талентирани и креативни дизајнери за следната пролетна сезона се најдоа и провидните материјали, кои на суптилен и нежен начин отркриваат одредени делови на телото. Некои дизајнерски интерпретации се со толку голема фантазија да напросто ви го одземаат здивот. Chloe, Blumarine, Missoni, Alberta Ferretti, Valentino, Zuhair Murad и Ellie Saab, се само некои од модните куќи кои ни го предлагаат овој интересен тренд.