Графичкиот дизајнер Barbara Bernát одбрала оригинална тема за магистерска на Универзитетот во Западна Унгарија , а тоа е да осмисли концепт за редизајн на банкнотите на унгарското евро. На редизајнираните банкноти во 5 вредности (5, 10, 20, 50 и 100) се прикажани неколку видови на европски животни и растенија кои претходно дизајнерката ги работела на бакарна површина. „Целта ми беше да осмислам една серија со едноставен и чист дизајн кој ја пренесува традицијата на создавање банкноти”, изјави Bernát.