Постојат повеќе различни финеси кои се неопходни за станот да прерасне во дом. Осветлувањето е еден од оние елементи кои можат да направат чудо во просторот, давајќи му воздушесто, отворено и гостопримливо чувство на ентериерот. Сепак, дури ни најквалитетните светилки не можат да го заменат сјајот на природната сончева светлина. Станот кој ви го претставуваме во целост ја искористува својата положба и мноштвото прозорци, дозволувајќи сонцето да продре од сите можни правци и до сите катчиња. Резултатот е дом кој е блескав, пријателски и убав – иако повеќето ѕидови се бојадисани во чисто бела боја, во ентериерот има и многу шарени детали кои поради светлината доаѓаат до полн израз. Дел од нив е и светло виолетовата комода која е невозможно да не ја забележите, а одлично прилега со кожената гарнитура и вградениот камин. Кујната и трпезаријата се исто така во бело издание, со бели плочки на ѕидовите и сиво-бела мермерна работна површина кои изгледаат одлично како спој. Посуптилните, неутрални беж завеси и прекривките во боја на јаглен и даваат на спалната соба мек и удобен изглед, идеален за одмор и опуштање. Во продолжение, погледнете како изгледа овој сончев ентериер и пронајдете ја омилената идеја и за вашето катче за живеење.