Модната кука Maison Martin Margiela, во својата нова колекција ги спои елеганцијата со спортскиот, лежерен стил.
Меѓу креaциите, се забележува борбата на две посебности, екстровертност и интровертност, ноќна птица и раноутринско изгрејсонце. Таа спротивставеност, се покажа на модната писта каде што широките пантолони и свилените шалови се среќаваат со проѕирните фустани, монистри. асиметрични здолништа и кратки топови. Асиметријата е главен мотив во новата колекција, каде се сретнуваме со косо кроени здолништа, но и кошули и фустани ткаени од разни материјали кои некаде прават пачворк, кој како да е направен во домашните работилници.
Секако, како и секогаш кај Margiela, присутна е еклектичност и минималистичкиот израз кои се сретнуваат во мотивите на соврешено скроените одела и комбинезони.
На нозете, видовме различни удобни санадали кои придонесуваат релаксирана нота, без разлика на елеганцијата на некои модели.
Тесни црни пантолони се комбинираат со долги кошули, блејзери и блузи, додека широките пантолони со тесни полувери од мохер волна кои на прв поглед се доста комотни. Боите се воздржани: црна, сива, бела, бела и теракота, кои ја прават оваа колкеција носива во секојдневниот живот.