Запознајте ја малата Либи! Таа има 2 години и многу сака да си игра со нејзиното милениче, прасето Pearl. Авторот на оваа фотосесија, Линдзи, ја посвоила Либи, а потоа и Pearl и секојдневно го документира нивното неодоливо пријателство. Тие заедно спијат, се гушкаат, играат игри и се вистински другарчиња.
Мајката, која работи како фотограф и блогер, вели дека преку овие слатки фотографии сака да ја сподели љубовта која произлегла од посвојувањето и воедно да ги охрабри оние кои имаат план да посвојат. Таа вели дека посвојувањето на Либи и Pearl е најубавото нешто што ѝ се случило.