„Сочувствувам со семејствата чии што домови беа поплавени, семејства кои што најверојатно нема да може да заработат за леб поради поплавените земјоделски поседи, оние на кои животот им е загрозен.
Со таа цел изработив мал серијал на постери како мал придонес за погодените од оваа поплава. (не земајќи ја во предвид донацијата преку мобилен телефон што е донирана од моја страна)
Ги повикуваме сите мои колеги, професори, граѓани, компании да се солидаризираат со настраданите и истите да одвојат мали но значајни средства се со цел да им се помогне на нашите колеги, пријатели, роднини, сограѓани.“ – напиша Драган на неговиот Фејсбук профил објавувајќи ги и креативните постери како знак за поддршка на погодените од поплавите.
Драган Стојановски ти си креативец за пример!
Телефоните за донација се следните: 075/143-400 070/143-400 078/143-400