Исклучително талентираните дизајнери на модната куќа ”Валентино” Марија Грација Киури и Пјерпаоло Пиколи, за работа на новата есенско зимска колекција на помош ја поканија британската дизајнерка на текстил, Селија Биртвел, која е заслужна за фантастичните цветни принтови, како и италијанскиот поп уметник Жосета Фиорони. Со извонредните 13 колекции кои ги исфрлија минатата година, вистинско чудо е што наследниците на Валентино не работат почесто ваков тип на соработки, особено ако земеме во обзир колку фантастично излезе новата колкеција која брои повеќе од 90 модела.
Инспирацијата за цветните модели, Биртвел ја пронајде во славната слика на Ботичели “Ла примавера” (Алегорија на пролетта), додека италијанскиот уметник Фиорони го смисли мотивот срце и изразот ”Твоите очи се очи на вљубена жена” која се провелува низ целата колекција.
Софистицирано и со исклучително добро осмислено во Валентинов стил,и понатака доминира атмосверат од 70 тите години,богати везови и детали, романтични парчинја кои дишат со љубов и мир, со идеја на дизајнерите дека сите сакаме да веруваме во подобра иднина. Иако е можеби премногу амбициозно да веруваме дека модата може да го промени светот, дури и наголемите нихилисти можат да се најдат во ситуација кога воздивнуваат на прекрасно извезените фустани кои на себе го носат мотивот на созвездија,планети и нивни консталации