Велат „крвта не е вода“, ние апсолутно се согласуваме, но не само поради меѓусебната поврзаност туку и поради физичката сличност. Генетиката е навистина неверојатна работа, едноставно децата може да бидат „copy-paste“ во однос на нивните родители, баби и дедовци.
Експертите проценуваат дека постојат 60.000 до 100.000 гени (составени од ДНК) сместени во 46 хромозоми во едно човечко суштество. Бебето добива 23 хромозоми од неговата мајка и 23 од својот татко. Ако ги направиме сите можни комбинации на гени, еден пар на родители има потенцијал да произведе 64.000.000.000.000 различни деца. Оваа информација најверојатно ќе ве збуни, верувајќи дека е невозможно да се предвиди како ќе изгледа Вашето бебе, но можностите целосно да наликува на еден од родителите или на некој предок се големи.
Фотографите што следуваат се доказ за неверојатната сличност. Станува збор за споредба на дете со фотографија на родителите кога биле на иста возраст како детето. Неверојатно, зар не?
Споредете некоја Ваша фотографија со фотографија на некој Ваш близок, сигурно ќе забележите многу сличности.
Потсетете се и на „Каква мајка – таква ќерка“ и „Каков татко – таков син“.