Повеќето луѓе го сметаат складирањето за досадна активност, но не и познатиот шведски бренд IKEA, од каде пристигнува нова реклама посветена на радоста која ја носи со себе добрата организација во домот. Домашната библиотека ќе ви овозможи да ги сочувате и одново посетите вашите омилени книги. Стилското шкафче во дневниот престој значи дека нема да сте опкружени со играчки кога ќе се обидете да се опуштите во текот на вечерта. Добро испланираниот гардеробер, пак, ќе ви помогне побрзо да ја одберете облеката наутро, давајќи ви дополнителни 10 минути да останете во кревет. По тој повод, успешната компанија се одлучи на креативен подвиг за промоција на парчињата мебел наменети за организација, првенствено на облеката. Фантастичното видео ја раскажува приказната за летечките маици со куси ракави, кои заминуваат на епско патување преку целиот свет во потрага по нивниот дом. По летот над мориња и планини, маиците конечно пристигнуваат на одмор во прекрасниот IKEA PAX гардеробер. Во средиштето на кампањата ,,Wonderful Everyday” е радоста која произлегува од обезбедувањето соодветен простор на сите нешта кои ги љубите. Погледнете како изгледа кога маиците ќе летнат!