Се сеќавате на шармантните хрватски момци кои се веле – мајстори на виолончело? Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер или поточно 2CELLOS повторно не воодушевуваат. Овојпат тие прават своја неверојатна изведба на Wake me up од Avicii. Видеото повторно е дело на Кристијан Бурловиќ. Од 1996 до 2069 година… прекрасно би било да се слушне оваа изведба во старечки дом, зар не?
За маестралноста на 2Cellos говори и бројката од еден милион прегледи на ова видео за само една недела. Но, мора да признаеме дека оваа бројка е заслужена. Уживајте.