Неодамна беше составен климатскиот енергетски план, кој има за цел до 2050-та година да ја намали емисијата на штетни гасови за 75% во француската метропола. Архитектот Vincent Callebaut, во соработка со париското градско мнозинство и инженерите од Setec Bâtiment, го создадоа проектот за истражување и развој, со кој се испитуваат разновидните корисни улоги на високите градби. Проектот со назив „2050 Paris Smart City“ претставува 8 различни зелени згради, кои ги интегрираат елементите на природата и обновливите извори на енергија во густо населената и урбана метропола. Во продолжение, ви ги претставуваме сите осум згради, кои еден ден би можеле да ги красат улиците на шармантниот Париз: „Mountain Towers“, „Antismog Towers“, „Photosynthesis Тowers“, „Bamboo Nest towers“, „Honeycomb towers“, „Farmscraper Towers“, „Mangrove Towers“ и „Bridge Towers“. Заедничко им е тоа што сите го користат најдоброто што природата го нуди, а тоа е низата можности за добивање електрична енергија на еколошки прифатлив начин, одгледување на природни намирници, сочувување на водата, но и како да се живее во совршена хармонија со природата и покрај урбаната средина. Погледнете како изгледа зелениот Париз!
Зелен град: Париз во 2050 година
Дали е ова иднината на градот на светлината?