Популарниот бренд Пепси создаде интересно промотивно видео за безалкохолниот пијалок, со илјадници пинг-понг топки и замка за глувчиња. Насловено како “Верижна реакција” од креативната агенција HarrimanSteel, видеото е замислено како промотивен трик за рекламирање на Пепси Макс, но и како славенички гест за влез во 2015-тата година. Од поставувањето пред речиси две недели, рекламата веќе има повеќе од два милиони прегледи на YouTube. Погледнете зошто!