Фотографите добро ја знаат моќта на фотографијата, моќта на малата „кутија“ која ги заробува моментите и им дава вечност на истите. Benjamin Von Wong е уште еден фотограф кој умешно ни ја претставува моќта на фотографиите. Имено тој од обични луѓе благодарение на фотографиите создава врвни спортисти. Тој користи опрема за осветлување вредна 20 000$ со т.н. „Холивуд – ниво на осветлување“ и нема потреба од Photoshop.
„Вистинската светлина ми помага да го добијам она што го сакам од фотографиите. Секој може да изгледа феноменално, да има дефинирани мускули иако не е спортист“.
Вистинскиот предизвик за Wong е од обичните канцелариски работници, програмери, графички дизајнери, баби и дедовци да направи спортски модели пред неговиот објектив. Успеал, зар не?