Шалови и марами, наместо машни-кравати.
Судејки по тоа што го видовме од колекциите на Долче и Габана, машките ќе носат тесни пантолони, додека џемперите и капутите се предимензионирани, со крзно околу вратот и впечатливи принтови. Исто така, следната сезона во тренд ке бидат и пантолони со широки вертикални линии, но и џемпери со монистри. Ако баш сакате да бидете во тренд, погледнете дел од новите колекции.
Парчињата облека за мажи кои ги видовме кај Александар Меквин, потполно се спротивни со облеката која ја покажаа манекените на ревијата на Долче и Габана.Стилот кој Меквин го покажа е многу мажестбен, а црната боја доминира. Се носат долги џемпери до над колената, со понекој детал, како што се белите коцки и класични пантолони. Доколку веќе имате црн капут со класичен крој тотално сте модерни.
Прада, покажа класични одела кои беа во впечатливи бои. Ако не сакате да сте облечени во една боја,следната сезона можете да комбинирате, пантолони, кошули и сакоа во разни бои и ке бидете во тренд. Исто така, добра вест за сите мажи кои не сакаат да носат кравати, врзите марама на страна така што чворот ќе биде свртен кон рамато. Посебно се носат пократките марами, кои одприлика се иста ширина како краватите.