Силниот младешки ум на Матилда продолжуваше да расте, негуван од гласовите на сите оние автори кои испраќаа дел од нивните книги во светот како бродови во море.
Овие книги ѝ даваа на Матилда надежна и утешна порака:
„Ти не си сама.“
Су Блеквел, дизајнерката со потекло од Лондон која е веќе позната по својата уметност од хартија овој пат повторно сценира книжевна склуптура која е повеќе од слатка, инспирирачка и прекрасна. Создадена по нарачка на девојка чија мајка била предходно ангажирана да ја доведе „Matilda the Musical“ на сцена; оваа книжевна сцена е буквално пренесена од страниците на Роалд Дал, прикажувајќи ја малечката Матилда како што првично ја има замислено илустраторот Квентин Блејк. Како што евидентно се забележува, Матилда стои на врвот од неколку книги, со рачињата подадени кон небото за да дофати уште книги.