Од пред извесно време, јасно е дека стилот не оди во пакет со буџетот. И дека јавното мнение дека секогаш е поважно се’ да е на број пред човек убаво да се облече е апсолутно неважно за оние кои сакаат секогаш да бидат беспрекорни во својот изглед, независно сезоната.
Навидум, зимата важи за едно од и-не-така омилените годишни времиња поради лизгавите тротоари кои не може да Ви послужат како подиум и поради влагата во воздухот кој ја уништува Вашата коса. Но, покрај овој аргумент кој не ѝ оди во прилог, истовремено ќе се согласите дека зимата е најадекватна за облекување по слоеви, за топли џемпери и шалчиња, чорапи во весели бои и широки јаки. Најбитно од се’ е што секогаш првичниот впечаток го дава капутот, како круна на изгледот. Кога сме веќе на таа тема… од неодамна, како тренд настапија капутите со широки јаки, кои галантно успеваат да се вклопат во сечиј стил поради двојната намена на истите; додека се отворени, пружаат една елегантна слика, додека свиени кон вратот даваат топол и опуштен изглед. Се’ што ѝ е потребно на една современа дама. Во прилог може да погледнете како тоа изгледа на модните писти, улиците на метрополите и плакарите на блогерките… па, ако веќе имате ваков тип на капут – денес, гордо облечете го во Ваша комбинација, а доколку немате – правец кон празничните попусти!