Од пепелот- птица феникс, а од сивото секојдневие до творечкиот вознес-новата кафе-книжарница ФЕНИКС.
В понеделник (29 декември 2014) во 12.00 часот ќе биде отворена новата Кафе-книжарница Феникс, што се наоѓа на ул. ,,Костурски Херои” бр.35 (во непосредна близина на Универзалната сала).
Настап ќе има младиот поет Филип Димкоски, кој ќе се претстави со поезија од неговата стихозбирка ,,Божилак на исконот”, a за него ќе зборува писателката, проф. Славка Арсова.
На настанот ќе бидат соопштени и добитниците на Меѓународната награда Ана Франк, која ја доделуваат Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент.
Писателот Христо Петрески, сопственик на Издавачката куќа Феникс, ги поканува сите вљубеници во уметноста и книгата, на оваа предновогодишна дружба, а најави и изненадувања за присутните.