Кога удобноста е приоритет при уредувањето, големината на станот не е од пресудно значење за квалитетот на живот во просторот. За сите оние кои сакаат малку повеќе од ентериерот, или, пак, уредувањето на поткровје им е вистински предизвик, сигурни сме дека овој дизајн ќе ги задоволи сите нивни очекувања. Отворената кујна со прекрасна трпезарија, францускиот балкон и високите тавани се само дел од деталите во овој стан кои веднаш ќе ви се допаднат. Со површина од 69 метри квадратни, ентериерот е многу модерно уреден и преполн со дневна светлина. Сите простории се поврзани во функционална целина, каде секое катче е многу прецизно искористено. Иако белата боја доминира, деталите како црвената софа внесуваат посебна доза на шарм во овој преубав дом. Ѕирнете во неговата внатрешност и ,,украдете’’ ја омилената идеја.