Stangers in the night, Besame mucho, Love me tender… сите овие хитови звучат предобро, затоа што нивната музичка комбинација го издржува тестот на времето и ги прави препознатливи на секого, под името евергрин.
World Evergreen Music е последното изненадување на маестро Зоран Џорлев, кој заедно со својот пријател Бедрија Синаноски-Беџо работи на овој проект во последната деценија. Станува збор за компилација од 17 безвременски светски песни. Промоцијата се случуваше вчера, во новиот салон на Т-Home на плоштад Македонија, со почеток од 20 часот. Присутни беа многу од пријателите и соработниците на виртуозот, кои беа почестени со преубава новогодишна атмосфера и звуците на неговата виолина. World Evergreen Music е во продажба почнувајќи уште од денес, додека во пакет со него добивате подарок божиќни нумери потпишани од Џорлев.