Никој не очекува повеќе од Нова Година и Божиќ, ниту пак им се радува толку многу на престојните празници како децата. За нив ова е волшебен период полн со сказни, магични суштества, самовили и исполнување на новогодишните желби од Дедо Мраз. Детските мечти и фантазии беа инспирација за прекрасната нова празнична колекција, која во екот на зимата ја претстави Restoration Hardwarе. Популарниот американски бренд понуди специјална линија производи и божиќни подароци, кои комплетно ги остваруваат желбите и соништата на најмалите во пресрет на празниците. Пријатни кабини и шатори, светлечки ѕвезди, сите видови на светилки и топли парчиња мебел се производите кои детската соба ја претвораат во бајка полна со радост и восхит. Уживајте во разгледувањето на фотографиите од каталогот и одберете ја омилената празнична тема и за вашите најмили.