На крајот од студениот декември, време е да се потсетиме зошто зимата важи за најмагична сезона во годината. Свечените прослави и празничниот декор се најубава најава за пристигнувањето на последното годишно време во домот, полно со радости и споделување љубов со најмилите. По денот поминат на ниските температури надвор, домот е единственото засолниште и местото каде минуваме се’ повеќе време токму во зимскиот период. За таа намена, ентериерот треба да биде топол, комфорен и гостопримлив, дочекувајќи со пријатна атмосфера и удобност во секое катче од домашната оаза. Во продолжение ви претставуваме неколку идилични сцени, кои во пресрет на новогодишните и божиќните празници ги понуди зимскиот каталог на норвешкиот бренд за мебел, ентериер и инспирација Home & Cottage. Изобилува со инспиративни примери и предлози за уредување на домот, претставувајќи го најдоброто што скандинавскиот дизајн има да го прикаже како зимска тема во екот на новата сезона. Погледнете ги фотографиите и одберете ја омилената идеја за посакување топло добредојде на зимата и во вашиот животен простор.