Кога одиме да купуваме козметика, често сме во дилема дали сме ја одбрале вистинската нијанса на пудра, дали маскарата навистина ги издолжува трепките, како ќе ни стои таква нијанса на кармин итн. Во парфимериите и козметичките продавници тестерите знаат да бидат малку поразлични од производите, а понекогаш и истрошени, па така не можеме да бидеме толку сигурни што точно купуваме. Тимот на Лореал најде решение за сето ова. Имено, во App Store е достапна новата мобилна апликација Makeup Genius со која го скенира лицето и наоѓа одреден производ од архивата кој најмногу ќе ви одговара. Сега е многу полесно да експериментирате со шминката и да го направите вистинскиот избор.