Споделуваме убава вест од книжевниот додаток „Ш“ на списанието „Излез“ – отворен е новиот конкурс за песни и за раскази што ќе бидат објавени во осмиот број на ова култно списание. Писатели и писателки, поети и поетеси, раскажувачи од Македонија… разбудете се и творете! Не шепотете во Вашите Word документи или нотеси – не дискутирајте за туѓите книжевни достигнувања: направете си пат за Вашите! Раскажете ја Вашата приказна на начин својствен само за Вас.
Своите дела може да ги праќате најдоцна до 10 јануари 2015 година, и тоа во три категории:
- Поезија на македонски јазик, најмногу до три песни;
- Поезија на англиски јазик, најмногу до три песни (може препеви на свои авторски песни);
- Кратки раскази на македонски јазик, најмногу два.
Секоја категорија ќе има посебен селектор – за македонски јазик писател или критичар од нашата книжевна сцена, а за поезијата на англиски – поет кој ни доаѓа од англиското говорно подрачје. Селекторите ќе бидат објавени наскоро. За повеќе информации посетете го следниот линк http://www.izlez.mk/?p=20618.
Од Ш Ви порачуваат… „Инспирирајте се и праќајте ни дела – нема зошто да Шепотите, кога „Ш“ има шини и ширини за Вас!“