Оваа зима, додадете допир на модерна романса во вашиот празничен декор, избирајќи ги меките и стилски зимски тонови од палетата: лаванда, сива и виолетова. Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, ви претставуваме еден совршен предлог за таа намена. За да се поттикне чувството на романтична и пријатна атмосфера, во овој прекрасно уреден дневен престој слоевито се прелеваат нијансите на лаванда, слива и пурпурните тонови, заедно со богатите рустични текстури и лежерниот мебел. Целиот празничен ентериер е во виолетова боја, почнувајќи од лампионите и декорациите кои ја красат белата новогодишна елка, па се’ до креативно завитканите божиќни подароци под неа. За интересен амбиент во просторот, искористена е играта со светлината и боите, која е умешно постигната со примената на празничните сијалички. Доколку сте во потрага по креативна идеја за декорирање на вашиот дом, можеби токму тука ќе ја пронајдете омилената инспирација. Погледнете ги фотографиите во продолжение и одберете ја омилената тема.