Кон брегот бродиме
Ние, –
осамените патувачи…
Разнишана умората боли!
Бараме начин
повторно да се родиме
повторно
в зорите голи.
А мислите разголени
треперат;
врз кожата на ноќта
немир гребе.
Со кајчето на надежта се носиме,
ЗОРО,
кон тебе,
поникната над клепките
натежнати.
И никој нема сила
трошка од силата барем
запирка само да стави!
А точките ги мразиме.