Косата е еден од најважните женски атрибути. Нејзиниот изглед може потполно да ве промени, да ве разубави и да ве направи попривлечни. Но, понекогаш негата за косата е мачен процес, па затоа одвоивме неколку совети за секогаш да имате уредна фризура.
Правете масажа на коренот
Одвојте неколку минути додека ја миете косата и направете масажа на коренот. Масажата ја поттикнува циркулацијата и растот на косата, па доколку ја применувате косата ќе ви биде поздрава. Дополнителен ефект е тоа што ќе ве релаксира и ќе го намали стресот.
Плакнете со студена вода
За да го вратите сјајот на косата, последното плакнење нека биде со студена вода. Студената вода ги затвора кутикулите на влакното и ѝ дава на косата посебен сјај. Освен со вода, косата можете да ја исплакнете и со ладен чај од камилица, особено ако бојата ви е посветла.
Користете чешел со широки запци
Најчеста грешка по миењето е расчелшлување на косата додека е водена со несоодветен чешел или четка која предизвикува пукање на влакното. Најдобар избор се дрвените чешли со пошироки запци за полесно отплеткување.
Исушете ја косата пред стилизирање
Голема грешка е ако користите преса или фигаро додека косата е сè уште водена бидејќи така се создава топла пареа која е многу штетна. Гледајте косата да биде барем полусува пред да ја испеглате или извиткате.
ДА за мрзливи денови
Сите имаме денови кога немае време или едноставно не ни е до средување пред огледало. Пробајте еден брз трик: во бањата чувајте си шишенце со вода во спреј за да ја поправите „утринската фризура”. Наместо миење и сушење, само испрскајте ги прамените што штрчат и исушете кратко со фен.