Викторија Пашута е модна фотографка од Лос Анџелес која неодамна го претстави проектот наречен „What If Guys Were Social Networks“ („Што ако момчињата беа социјални мрежи“). Со помош на врвни стилисти и дизајнери, Викторија создаде осум модни портрети на најпознатите социјални мрежи на денешницата. Интересниот проект е конципиран како моден едиторијал во кој машките модели се облечени во боите на социјалните мрежи, веродостојно прикажувајќи го карактерот на секоја од нив во човечки облик.
Иако споделуваат многу слични функции, секоја социјална мрежа има свој препознатлив стил: Facebook е опишан како секојдневен, Twitter како класичен, Pinterest како креативен, LinkedIn како деловен, Instagram како винтиџ, Flickr како уметнички, Tumblr како хипстерски и Google + како иновативен маж. Во продолжение, погледнете како би изгледале социјалните мрежи како мажи од модерното доба, доколку постоеа во реалниот свет. Имате ли ваш фаворит?