Течностите во природата се наоѓаат во најразлични форми- меурчиња, капки, млазови или огромни водени површини. Неколку научници од универзитетот Paris Diderot, со помош на камери со брзи движења успеаа одблиску да ги снимат движењата и однесувањето на различни видови течности во природата како што се капките дожд, утринската роса, морската пена на брановите која создава спреј во воздухот од кој настанува дождот и сл.
Целта на овој експеримент е подобро да се разберат сите форми на течностите и колку се тие важни за светот околу нас и секако, да се направат прекрасни и несекојдневни фотографии од овој феномен.