Режија: Дарко Лунгулов
Улоги: Драган Бјелогрлиќ, Мирјана Карановиќ, Љубомир Бандовиќ, Борис Миливојевиќ, Тони Михајловски…
Приказна за монотоноста на еден град. За борбата на малиот човек против големите политички сили и големиот напор да се врати љубовта на својот живот во здодевното српско гратче во дваесет и првиот век.
Марко прави се за да ја врати својата Љубинка дома. Таа е неговата вистинска љубов, но е разочарана од него и од градот во кој живее. Решителноста на Марко да ја задржи Љубинка резултира со една „луда“ идеја: да постави споменик од Мајкл Џексон во градот, сметајќи дека со тоа ќе го направи градот поавтентичен и поинтересен.
Неговите пријатели се тука да му помогнат, но здружените сили на градоначалникот и десничарската група „Чиста Србија“ се со поинакви идеали, спротивни од оние на Марко.
Дали малиот човек конечно ќе победи?
Можете да дознаете секој ден, од 20:00 часот во „Кино Милениум“.
Divian Arts е медиумски покровител на „Кино Милениум“.