Со користење на намирниците кои се достапни на пазарите и во маркетите во текот на целата година, можете секое утро да уживате во здрав и вкусен природен сок. Притоа, телото ќе ги добие потребните витамини за полесно да се бори не само додека трае студеното време, туку во текот на сите четири годишни времиња.
Цитрус
Во блендер измешајте портокал, цитрон, лимон или мандарини, и додајте мед, ѓумбир и семки од тиква. Овие овошја се полни со витамин Ц и делуваат добро на кожата и тенот, а ја зајакнуваат и косата.
Калинка
Освен лицето, во ладната сезона внимание им треба и на стапалата. Поради слаба циркулација може да се појават отечени вени и распукани капилари на нозете. За да се спречи оваа појава, пожелно е да пиете смуди од калинка разредено со вода два пати неделно. Калинката содржи дури 15 аминокиселини и витамини Б6, Б12, А, Е и Ф кои ја подобруваат циркулацијата и ја чистат кожата.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови не само што содржат витамини и минерали, туку и омега 3 киселини кои спречуваат преголема сувост на кожата, па затоа се одлични за есен и зима. Во блендер измешајте јаткасти плодови по желба (претходно оставени во вода цела ноќ), бадемово млеко, кокосово масло, цимет и кардамом.
Морков
Една чаша исцеден сок од моркови содржи витамини А, Ц и Б кои ја штитат кожата од надворешни влијанија и ѝ даваат мекост и еластичност. Освен моркови, можете да додадете и сок од портокал, јаболко и крушка.
Киви
За да го вратите сјајот на уморната кожа, неколку пати неделно подготвувајте си сок од киви, банани и магдонос. Кивите содржат макро и микроелементи како калиум, фосфор и калциум, како и ензимот актинидин кој го стимулира метаболичкиот процес во телото.