Модерниот дневен престој може да има повеќе различни функции. Во зависност од дизајнот и димензиите на просторот, доколку ентериерот е со поголема површина, тогаш веројатно дневниот престој ќе биде место за седење, читање, опуштање или дружење со гостите. Доколку, пак, просторот е со помала квадратура, тогаш тој претставува средишна точка во домот, каде се случуваат многу повеќе дејства во текот на денот и навечер, од гледање телевизија и игри, па се’ до опуштање и дружење со семејството и пријателите. Без оглед на намената, секој добро уреден дневен престој треба да има удобна гарнитура, фотелја и централно место, како камин или катче за забава, па можеби и обете истовремено. Во продолжение ви претставуваме дваесет и пет различно дизајнирани дневни катчиња во современ стил. Погледнете ги фотографиите и одберете ја омилената инспирација за вашиот дом.