Бразилскиот уметник João Carvalho, познат како J Desenhos создава своевидна тетратка со 3D цртежи. Создавајќи ги сините линии од својата „тетратка“ и засенчување на точно одредени места тој ги креира своите 3D дела. Иако Carvalho има само 15 години неговата умешност и креативност е огромна па прелистувајќи ја неговата „тетратка“ ќе добиете чувство како од секоја нова страна да излегува нов лик. Погледнете за што станува збор.