Проектот “A Place To Go, Please” („Еден град за носење, молам”), е креативно дело на Karen McDermott и Jason McGroarty кој бил задолжен за ваков реален изглед на фотографиите. Тој го споил односот помеѓу различните култури на пијалоците, градовите и останатите предмети од кои секој носи некој симбол на градот кој го претставува. Па така, го имаме Лондон во шолја чај, Даблин во чаша Guinness, Њујорк во кафе од Starbucks, Токио во саке, Париз во чаша црно вино и Москва во жесток пијалок кој не е вотка, но го претставува луксузниот ноќен живот.
Што мислите, во каква чаша би го ставиле нашето Скопје?