Доколку барем еднаш сте го посетиле Париз сте имале можност да ја доживеете неговата уникатност, да уживате во архитектурата, културата и духот на градот тогаш она што ќе го видите во видеото Ви е познато. Благодарение на Google имаме можност да погледнеме одредена анализа насловена како „Што е она што го прави Париз да изгледа како Париз?“ Единствените балкони од ковано железо, специфичните прозорци, врати, улични знаци се одлика на целиот град. Како што ќе видите во видеото, можеби постојат сличности и во други градови, но еден е Париз. Доколку сеуште не сте го посетиле Градот на светлината можеби после ова видео Ајфеловата кула нема да биде Вашата прва асоцијација за Париз. Верувајте во Париз има многу повеќе да се види од огромната челична конструкција, а духот во кој пулсира градот е она од ќе станете зависни после првата посета.