Во текот на зимата се’ повеќе време се минува во домот, па затоа потрудете се да создадете топла и пријатна атмосфера. Едно од креативните решенија се плетените парчиња од волна, кои ќе ви помогнат визуелно да го згреете вашиот дом. Старите плетени џемпери се совршен избор за таа намена, а можете да ги искористите на повеќе различни начини. Со плетените ткаенини можете да го тапацирате мебелот, а старите џемпери да ги употребите и за комплетно нов и вистински зимски изглед на перниците, корпите, вазните и шишињата во вашиот дом. Модерниот ентериер исто така можете да го украсите со плетени подни прекривки, домашни украси и функционален декор, како што се ѕидните часовници и вазните кои изгледаат интересно, необично и современо. Доколку, пак, и уживате во плетењето, тогаш овие трендови се идеални за вас. Плетениот мебел и декорот од волна додаваат на комфор, топлина и убавина во модерниот внатрешен дизајн, фино украсувајќи го ентериерот. Изработени во неутрални и природни бои, тие се вклопуваат во секаков амбиент и на сечиј стил, давајќи му универзално привлечен изглед на домот. Старите лампи облечете ги во зимски џемпери, а од ракавите на џемперот направете ново зимско руво за вашите саксии или вазни. Обвиткајте ги перничињата во топли џемпери, и расфрлајте ги по подот. Плетениот декор одлично прилега со дрво, пластика, бетон или керамика, а ентериерот го прави помек и попријатен. Погледнете ги нашите предлози, пронајдете ги старите џемпери и направете си зимски декорации навреме!
Зимски декорации од стари џемпери
Вистинско време е вашиот дом да го направите топло и пријатно катче во пресрет на зимата.